More

    Вандалите кои го искршија македонскиот клуб во Благоевград биле вработени во општинското комунално претпријатие

    Двајцата мажи приведени од страна на бугарската полиција поради каменувањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во саботата вечерта, се вработени во општинското комунално претпријатие „Озеленување“, додека двете жени лишени од слобода заедно со нив се нивни сопруги, објави 24часа.бг.

    Во изјава за порталот, градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов вели дека санкционирање на извршителите на делото е во надлежност на Судот, додека тој како работодавач може да преземе мерки кон двајцата вработени во комуналното претпријатие само согласно Кодексот за работни односи.

    – Доколку се докаже вината на општинските службеници, ќе го применам принципот на реципроцитет на казните. Тоа значи дека ќе ги казнам оние кои се вработени во Општина Благоевград, со истата казна сo која што ќе бидат казнети цариниците, граничната полиција и другите функционери во Република Македонија, што предизвика ментално и физичко насилство врз многу Бугари, изјави Стојанов.

    Тој нагласи дека веднаш ќе ги отпушти од работа двајцата вработени во комуналното претпријатие, во „моментот кога ќе бидат отпуштени вработените во Македонија кои малтретираа бугарски граѓани“.

    Како што јавија бугарските медиуми, полицијата во Благоевград вчера приведе четири лица, двајца мажи и две жени, во врска со вандалскиот чин врз Македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“.

    извор: 24часа.бг

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    5.8 ° C
    5.8 °
    5.8 °
    87 %
    0kmh
    0 %
    Tue
    15 °
    Wed
    16 °
    Thu
    18 °
    Fri
    19 °
    Sat
    17 °
    spot_imgspot_img