Авто и етномузејот „Филип“, што се наоѓа во близина на Битола, ги носи своите посетители на патување низ времето.
Анадолу го посети и сними музејот, што се наоѓа во селото Крклино, на околу 10 километри од центарот на Битола.
Сопственикот и иницијатор за отворање на музејот, Борис Таневски, во изјава за Анадолу ги раскажа карактеристиките на музејот и колекцијата на возила што ја собрал низ годините.
Kласичните автомобили, мотоцикли, велосипеди и разни алатки што се наоѓаат во овој музеј особено го привлекуваат вниманието на домашните и странските посетители.
Меѓу возилата што се изложени во овој музеј се „симка аријане“ од 1953 година, како и класичните возила „форд таунус“, „плимут валијант“ и „москвич“.
Покрај автомобилите, вниманието на посетителите го привлекуваат и старите модели на мотоцикли и велосипеди.
На вториот кат од музејот има и посебни простории именувани како турски, еврејски и селски соби.
Во овие простории, посетителите ги пречекуваат разни видови предмети и облека што припаѓаат на гореспоменатите култури.
Музејот годинава најмногу бил посетуван од турски и холандски туристи.
извор:Анадолу
фото:Анадолу