Таткото го истепал синот па се обидел да го прегази со возило

0
287

Педесет и шестгодишен маж Љ.А. од селото Форино е приведен од страна на полицијата. Тој околу 12.30 часот во близина на место викано „Голема нива”, помеѓу гостиварските села Форино и Чајле, по претходна расправија, физички го нападнал неговиот 32-годишен син и се обидел и да го удри со возило во кое претходно двајцата се превезувале.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

mkd.mk