Полицијата пронајде 10 пакувања со бела прашкаста материја кај 29-годишен охриѓанец

0
163

На 24-ти декември 2022 година, во 22:40 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода 29-годишенн Охриѓанец, бидејќи при преглед извршен на улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициските службеници кај него пронашле и одзеле 10 пакувања со бела прашкаста материја.

– Тој е приведен во СВР Охрид и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид