Пет лица ги загубиле животите, најмалку еден патник се води како исчезнат а двајца се преживеани откако автобус слетал од мост и паднал во реката Лерез во провинцијата Понтеверда на северозападна Шпанија, пренесува во неделата весникот El Pais, повикувајќи се на локалната итна служба.
Двајцата преживеани, возачот на автобус и патни, биле извлечени од реката Лерез, каде што е силна струјата и голем протокот на водата поради обилните дождови кои го зафатија подрачјето на покраината Галција и ја попречува операцијата на пребарување и спасување, соопштија властите.
„Преживеаните се пренесени во блиските болници со различен степен на повреди“, додаваат тие.
Автобусот на компанијата Монбус патувал меѓу градовите Луго и Виго и застанал во казнено-поправен дом во близина на местото на несреќата. Од засега неразјаснети причини излетал од коловозот на мостот и околу 21.30 часот синоќа паднал во реката.
„Според прелиминарните податоци, автобусот превезувал вкупно девет лица, возачот и осум патници“, изјави регионалната функционерка Маица Лариба.
„Нема повеќе тела во автобусот, па ја продолжуваме потрагата по четворицата исчезнати“, додаде Лариба.