Словенечкиот професор по физиономија тврди дека Тито и Јосип Броз не се иста личност?!

0
343

Професорот на Универзитетот во Љубљана и член на Европската академија на науките и уметностите, Боштјан Марко Турк, тврди дека врз основа на фотографиите на Јосип Броз Тито од неговата младост и оние направени подоцна, може да се утврди дека не е иста личност!

Во емисијата „Моја Хрватска“, словенечкиот професор Турк зборува за доказите според кои Јосип Броз не е иста личност како онаа што подоцна ја познававме како „Тито“.

– Веднаш забележав дека недостасува нешто меѓу браварот Јосип Броз и Тито. Ги погледнав карактеристиките на физиономијата, каков беше во лицето, почетна точка ми беше полициското досие од „Бомбашкиот процес“ во 1928 година. Го споредив тој портрет на Јосип Броз од 1928 година со еден од првите портрети на Броз кога стана Тито. Поминале околу 14-15 години помеѓу првата и втората фотографија, не повеќе. Ако ги земете ушите, ќе видите дека Тито има изразени, силни реси, Јосип Броз слаб. Броз има изразени испакнатини на черепот, Тито нема испакнатини. На мени овие фотографии воопшто не ми укажуваат дека е тоа иста личност, туку две различни личности. Ова се работи што не може да се сокријат – вели професорот Турк.

Тој понатаму тврди дека може да се забележи и драстична разлика во висина меѓу браварот Јосип Броз и Тито.

– Јосип Броз бил висок човек, Тито низок. На фотографијата можете да видите дека Тито е понизок од сите луѓе со кои работел. Ако, од друга страна пак ја погледнеме фотографијата од браварот Јосип Броз, можеме да видиме дека тој е повисок од секој со кого работел во тоа време. Ова го забележала и американската агенција ЦИА во педесеттите години на минатиот век. Во текот на 1978 година, некој направил извештај за начинот на зборување на Тито. Ги прашав моите пријатели, експерти, тој не го зборуваше јазикот на својот народ, хрватска Загора, туку тој зборувал нешто помеѓу полски, руски и украински, така вели и анализата на ЦИА – истакнал Турк, додавајќи дека Броз имал очигледен физички „белег“ што Тито го немал.

– Во полициското досие на Јосип Броз, пишува “Има лузна на показалецот …”. Во својата работна биографија, Дедиер ја опишува својата прва средба со Тито, тој прво забележал дека е висок човек и дека нешто му недостасува на показалецот. Но, само во првата верзија, другите верзии се исти, освен овој детаљ. Кога францускиот нобеловец и министер во владата на Де Гол, Андре Марло, го видел Тито, рекол: “Па, тоа не е истата личност со која се борев во граѓанската војна!” – наведува на крајот словенечкиот професор Боштјан Марко Турк.

фото: Архива