Најчесто употребуваната лозинка за оваа година е зборот „pasword“, а најпопуларна во светот „123456“ и „123456789“ – хакерите ја пробија за 1 секунда

0
249

Со масовната употреба на интернетот, а со тоа и на електронската пошта (е-мајл) и социјалните мрежи, кибербезбедноста стана еден од најголемите предизвици на модерното живеење. Ова, дополнително станува важно во време на нарушена безбедносна состојба на глобално ниво, која се манифестира и во светот на интернет комуникацијата, објави TRT Balkan.

Поради сите овие наведени причини, прашањето за тоа колку е безбедна лозинката што ја користиме на нашите профили, лични и службени, добива на значење.

Но и покрај тоа, интернет корисниците ширум светот го занемаруваат фактот за важноста на лозинка која потешко може да биде погодена. Во прилог на тоа оди и фактот дека помалку од една секунда им била потребна на хакерите да ја погодат најчестата лозинка на светот, покажува истражувањето на Алатката за управување со лозинки „НордПас“ (NordPass), во кое се објавени најчестите 200 лозинки за 2022 година.

„НордПас“ ја состави својата листа со помош на независни истражувачи за кибербезбедност.

Најчесто употребуваната лозинка за оваа година е зборот „pasword“, што во превод значи лозинка. Најпопуларната лозинка во светот ја користеле речиси пет милиони луѓе. На хакерите помалку од една секунда им требаше да ги пробијат и втората и третата најчеста лозинка во светот: „123456“ и „123456789“.

Меѓу 10-те најупотребувани лозинки во светот за оваа година се и „12345678“, „111111“ „12345“, „col123456“ и „123123“. Од 20-те најчести лозики, 18 биле пробиени за помалку од една секунда од страна на хакерите.

Како да се заштитите од кибер напади?

Институционалната борба против кибер нападите и криминалот од овој тип е различна од земја во земја. Сепак, на индивидуално ниво, важно е да се знае дека лозинка која содржи подолг збир од знаци, големи и мали букви и броеви, многу потешко може да биде пробиена отколку веќе популарните лозинки.

извор: TRT Balkan