Скијачот Боде Милер и неговата сопруга Морган Бек открија дека нивниот тригодишен син Ашер бил итно пренесен во болница откако претрпел фебрилни конвулзии.
“Вчера Ашер имаше напад кој не преплаши до смрт. Возевме во истата болница во која ја однесовме Еми”, напиша Бек на Инстаграм.
Еми е нивната ќерка која се удави во 2018. Бек подоцна објави дека момчето излегло од болница и дека му оди подобро.
Фебрилни конвулзии може да се појават кога температурата на телото на детето надминува 38 Целзиусови. Тие обично траат помалку од пет минути, а за време на нападите децата губат свест, стануваат вкочанети, а рацете и нозете може да почнат да се грчат. Некои луѓе имаат и пена во устата. По напад, вашето дете може да биде поспано до еден час, а директен фебрилен напад како овој обично се случува само еднаш.
Во нешто поретки случаи, фебрилните конвулзии може да траат подолго од 15 минути, а симптомите можат да влијаат само на еден дел од телото на детето. Ваквите напади се познати како сложени фебрилни напади.
index.hr