(ВИДЕО) Пеле се прости од семејството и пријателите. На интернет кружи шокантно видео од болница

0
243

Состојбата на Пеле, 82-годишната бразилска фудбалска легенда, многу се влоши последните денови. Еден од најголемите фудбалери во светот веќе подолго време се бори со ракот на дебелото црево, а божиќните празници ги помина во болница. Тој моментално се наоѓа во болницата Алберт Ајнштајн, а на социјалните мрежи кружи видео кое открива колку е сериозна состојбата на Пеле.

Пеле од болничкиот кревет се прости од семејството и пријателите. На шокантното видео може да се види дека тој со голем труд разговара со семејството на телефон. Од болницата соопштија дека болеста напредува и дека му е потребна дополнителна нега за да се избегнат проблеми со срцето.

 

 

index.hr