(ФОТО) Фаталната убавица Мадалина Генеа која привлече големо внимание во 2022

Ако се прашувате кој привлече најголемо внимание на црвениот килим во 2022 година, тоа е романската убавица и модел Мадалина Генеа.

За неа велат дека е фатална жена која претставува симбол на женственоста во 21 век. На оваа дама никој не може да ѝ одолее, каде и да се појави привлекува внимание.

Во 2022 година доминираше на црвениот килим, привлекувајќи огромно внимание во јавноста. Дури и изборот на облека ѝ беше совршен.

Многумина ја нарекуваат наследничката на Софија Лорен. Модни експерти сè уште ѝ доделуваат високи оцени и истакнуваат дека Мадалина е олицетворение на гламур и дека никогаш не ја преминала границата ан добриот вкус.

Највпечатливо издание ѝ беше на 79 Филмски фестивал во Венеција, кога се појави во тоалета со ликот на Мерилин Монро. Во тоалетата на Versace изгледаше како вистинска божица на стилот и на убавината.

На Филмскиот фестивал во Рим, што траеше од 13 до 23 октомври, ги промени тоалетите и направи моден спектакл.

kajgana.com