ВРЕМЕПЛОВ- Настани на денешен ден, 27 декември

1938 Во Скопје за првпат е изведена драмата „Парите се отепувачка“ од драмскиот писател Ристо Крле.

1945 Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули

1944 година, во Бертон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот.

1949 Холандската кралица Јулијана потпиша документ со кој и е даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа.

1979 Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз, изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт.

1992 Магазинот „Тајм“ го именува Бил Клинтон за „човек на годината“.

1993 Најмалку 26 лица загинаа, а 16 исчезнаа, како последица од тајфунот „Нел“ што ги погоди јужните Филипини.

 

 

Од Википедија — слободната енциклопедија