Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Во Основниот суд во Тетово денеска треба да продолжи главната расправа од судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември 2021, кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени. Судењето почна на 7 декември откако од септември па до овој месец, почетокот на судскиот процес беше одложуван. Пред 20 дена до одложување дојде поради несогласување на бранителите на сите обвинети околу презентацијата на доказите од страна на Јавното обвинителство. Тие бараа обвинителот „да ги чита сите докази“, наместо, како што рекоа, „да ги цитира само насловите“. Воедно имаа забелешка дека дел од насловите не се содржани во листата на докази кои Обвинителство ги доставило до Судот.

 

Радио Слободна Европа