26-годишна жена е убиена пред паб во Англија на Бадник

Две лица се уапсени бидејќи полицијата ги поврзува со убиството на 26-годишната жена на Бадник во паб во Мерсисајд. 30-годишен маж е уапсен поради сомнение за убиство и обид за убиство, додека 19-годишна жена е уапсена поради сомнение за заговор за убиство. Тие во моментов се во полиција, каде што се на распит од истражителите.

 

Ел Едвардс почина откако беше застрелана во главата во пабот Лајтхаус Ин, во селото Валасеј, непосредно пред полноќ на Бадник. Инспекторите не веруваат дека таа била цел на нападот. Детективката Сју Кумбс потврди дека се извршени две апсења во врска со пукањето, пишува Sky News.

 

index.hr