Малиша Станковиќ, советник од СПМ, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на советот на Град Скопје и порача на градоначалничката Данела Арсовска кој рече дека неприфатлив е амандманот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за зголемување на средствата за изградба и реконструкција на улици во Град Скопје во вредност од 35 милиони денари, бидејќи се работи за меѓуопштински соработки кои не се побарани од општините, дека само неколку месеци предложила гласање на меѓуопштинска соработка помеѓу Градот и Кисела Вода за населба Градинар за градење на канализациона мрежа во населба Градинар и реконструкција на улици во Усје, но не реализира ништо од тие проекти.
Кога зборувате за меѓуопштинска соработка јас би сакал да ги потсетам советниците некаде во јуни месец ние изгласавме меѓуопштинска соработка со општина Кисела Вода по предлог од Град Скопје. Токму за населба Градинар за градење на канализациона мрежа во населба Градинар и реконструкција на улици во Усје. Вие како Град Скопје тоа го предложивте, поминало на совет на Кисела Вода, а ние овде едногласно како советници дадовме поддршка. Заврши буџетот за 2022 година, ништо од ова не се реализираше. Ништо и џабе гласаше советот меѓуопштинска соработка ако градот само наоѓа начин како да не ја реализира., вели Станковиќ.
Станковиќ додаде дека наместо Арсовска да ги обвинува што предлагаат амандмани и да влегува во конфликт со советниците, веднаш да ги поддржат амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за реализација на проектите за скопјани
И сега вие нас не обвинувате што предлагаме амандман? Па зошто вие не го реализиравте ова што го предложивте 2022 година, зошто не тргнавте да се гради таму? Нели им ветивме на граѓаните? Нели вие предвидовте средства, нели имавте пари колку треба? Ништо од тоа не се започна, и токму затоа овде стои населба Градинар и реконструкција на улиците во Усје, објасни Станковиќ.
Мора да се научиме дека советот кога ќе изгласа нешто, вие како извршна власт сте должни тоа да го спроведете. Влегувате во конфликт со советот, без никаква причина, и порача Станковиќ на Арсовски.
извор: ВМРО ДПМНЕ