Mицкоски за Гоце Делчев: Неговото дело е посилно од секој удар, од секоја поделба, неговите идеали се живи

Денес многумина ќе се присетат, но малкумина јавно ќе го постават прашањето дали државата го продолжува неговото дело… Со власт која има целосно отсуство на родољубие и како никогаш порано со толку многу разнишани темели.

Но било која сервилност на власта е помала од големината на неговиот завет, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Неговото дело е посилно од секој удар, од секоја поделба. Идеалите на Делчев се живи, и тој столетен оган за слобода, независност и држава продолжува да пламти.

Поклон за великанот, неговата борба за нашата слобода, и неговото дело за ВМРО и Македонија. И да, заедно ќе успееме да ја оправдаме неговата борба.

Вечен да е споменот за Гоце Делчев.

Да живее Македонија!, додава Мицкоски.

извор: ФБ Христијан Мицкоски