ВМРО-ДПМНЕ одговори на понудата на Ковачевски, Мицкоски да биде премиер: Немаме намера да учествуваме во владините лицитации

ВМРО-ДПМНЕ одговори на понудата на премиерот Ковачевски, лидерот на опозицијата Мицкоски да биде премиер само ако се изгласаат уставните измени, како и на тоа дека Османи се откажува од премиер Албанец.

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да учествува во лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби, имавме јасни позиции, од тоа нема поместување.ВМРО-ДПМНЕ има премногу јасни позиции и од тоа нема поместување. Несериозно е продолжувањето со лицитации, кое само покажува дека СДС ниту биле искрени, ниту пак имаат намера да ги заштитат националните интереси, ниту пак вистинска интеграција.За нив ова е борба за функции и за преживување и одбегнување на кривично гонење.Ковачевски треба да знае дека функциите ниту му се во џеб, ниту тој е тој која дава или зема, тоа го прави само народот на избори.

фото: Архива