Болница во Еквадор ја прогласила за мртва 74-годишната Бела Монтоја во петокот, откако била примена во болница поради последици од срцев удар.
Неколку часа подоцна, семејството го отворило ковчегот и сфатило дека жената сѐ уште дише.
„Малку по малку го обработувам тоа што се случи. Сега сакам само да се подобри здравјето на мајка ми. Ја сакам жива и со мене“, рекол нејзиниот син Гилберт Балберан.
Жената сѐ уште е на одделението за интензивна нега и е под лекарски надзор, јавува Ел Универзо.
„Мајка ми е на кислород. Нејзиното срце е стабилно. Докторот и ја штипна раката и таа реагираше. Ми велат дека тоа е добро, бидејќи тоа значи дека тој реагира малку по малку“, изјави Гилберт.
Лекарот од болницата Мартин Иказа во петокот напладне му го предаде телото на семејството бидејќи, како што тогаш тврделе од болницата, таа починала.
„Ни дадоа дури и потврда за смртта“, изјави Гилберт, кој мораше да собира донации за да го организира погребот.
Бела останала во ковчегот од 14:00 часот до 18:30 часот, кога семејството го отворило ковчегот за да го подготви телото за будење.
Тогаш нејзиниот син и остатокот од семејството сфатиле дека жената сѐ уште дише.
Видеото е објавено на социјалните мрежи, а на него се гледа како жената ја движи устата и се обидува да здивне.
Сè уште нема официјално објаснување, ниту од болницата ниту од Министерството за здравство се огласија за случајот.
Видео: YOUTUBE Ecuador