Секој ги украсува на свој начин елките, а јутјуберот Шон Хоџинс отишол чекор понапред.
Користејќи ја напредната технологија тој изработил холограмска, поточно дигитална елка која емитува разновидни слики и прави „лајт-шоу“.
Хоџинс претходно претставил несекојдневни празнични проекти, а сега осмислил метална конструкција опремена со магнети, сензори, ЛЕД ленти и електромотор.
Покрај тоа тој го користел програмскиот јазик Python и „single-board“ компјутер „Raspberry Pi“ за комуникација со ЛЕД лентите кои емитуваат светла и создаваат привид на холограм.
Доколку не сте запознаени, „Raspberry Pi“ е развиен во Велика Британија со цел да промовира и учи основите на информатиката во училиштата и земјите во развој.
Целиот проект е реализиран заради забава, но не е играчка, пренесува „Gizmodo“.
Имено, електромоторот ја врти металната конструкција со голема брзина, некој би рекол „ризична“, а Хоџинс осмислил адекватно име – исклучително опасна холографска елка (Ectremely Dangerous Holographic Christmas Tree).
tocka.com.mk