Ранет скопјанец, во него пукал роднина по претходна расправија

На 26.12.2022 во СВР Скопје било пријавено дека во 20:10 часот на ул.„20“, поради меѓусебно нетрпение, З.Р.(42) од Скопје со пиштол испукал куршум и го повредил во ногата неговиот роднина А.Н.(28) од Скопје.

А.Н. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

kurir.mk