На мејл адресите на неколку скопски училишта, денеска стигнале закани за поставени бомби. Дел од нив се во училиштата Георги Димитров, Никола Карев, Јосип Броз Тито, Раде Јовчевски Корчагин, Михајло Пупин.
Во моментов полицијата со антитерористичките тимови врши проверка на сите локации каде имаше закани.
Заканите за бомби продолжуваат од ден на ден, особено во Скопје каде што се најчести дојавите. Дојави имаше и во Куманово, Кавадарци, Тетово, Охрид…
фото: Архива