Вучиќ: Ги повлекуваме барикадите на северот од Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со косовските Срби изјави дека отстранувањето на барикадите на северот на Косово ќе започне рано утринава.

Тој изјави дека имале тешки разговори, но дека биле многу искрени. На средбата со претставници на Србите од Косово Вичиќ изјави дека се дадени гаранции дека нивните барања за отстранување на барикадите ќе бидат исполнети.

Соопшти и дека поранешниот полицаец Дејан Пантиќ „пристигнал дома“ во Северна Митровица. Заедно со Вучиќ на средбата со претставниците на Србите беа и министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ, началникот на Генералштабот на војската на Србија, Милан Мојсиловиќ и директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, Петар Петковиќ.

„Ако почнат да те ловат како зајаци, тогаш е готово, тогаш веќе нема договор, нема ништо. Ако фатат еден од нас, или двајца како зајаци, нема повеќе зајаци, тие зајаци стануваат волци“ – напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил. Во видеото тој наведува дека ги разбира емоциите, дека се труди да ги разбере и дека може да даде безброј примери за тоа како се однесуваат со нас амбасадорите, претседателите и премиерите на различни земји.

 

telma.mk