Натпревар САД-Англија во рамки на Светското, амбасадорите се обложија во виски

Британскиот амбасадор Метју Лосон и американската амбасадорка Анџела Агелар се обложија во виски пред вечерашниот натпревар меѓу Англија и САД на Светското првенство во фудбал Катар 2022.

Во исчекување на вечерашниот натпревар, амбасадорот Лосон напиша: „Имаме пријателски облог со колегите од американската амбасада во Скопје. Шише виски оди во Американската амбасада ако САД ја победат Англија. Без притисок. Што мислите, каков ќе биде резултатот?“

На тоа американската амбасадорка Агелар возврати дека во облогот вложува „Џим Бим“.

„Нека победи најдобриот тим“, додаде таа.

Од денеска се играат средбите од 2. коло на Светското првенство, а токму оваа меѓу Англија и САД привлекува најголемо внимание. Дуелот е во рамки на Групата Б и се игра вечерва од 20 часот. Во натпреварот Англија влегува со 3 освоени бода, а САД имаат само 1 бод.

 

 

 

 

plusinfo.mk