Синот на Тони Михајловски му приреди изненадување на својот татко за 57 –от роденден

Александар, синот на актерот Тони Михајловски со емотивна посвета му го честиташе роденденот на неговиот татко.

Фотографија со татко и син, во црно-бела техника и облечени во костуми, Александар објави на Инстаграм и напиша: „Кога си мал мислиш дека твојот татко е Супермен. Потоа растеш, потоа сфаќаш дека тој е само обичен тип кој носи наметка. Среќен роденден старче, те сакам безусловно“.

Посветата не беше доволна, па Александар со сопругата и неговиот син му приредија изненадување на актерот.

Со торта, свеќички и песна за „среќен роденден“, го изненадија Тони Михајловски пред неговиот дом. Видно расположен и среќен ги дувна свеќичките со број 57 и во негов стил се пошегува: „Со 57-ца да не дојдовте?“, а одговорот на неговиот син беше: „Да, дупла“.

 

zenskimagazin.mk