Водителката Ирена Спировска, важи за една од најприродните познати жени кај нас која изгледа заносно. Минатата недела таа наполни 50 години, влезе во шестата деценија од животот, а редовно споделува дека на себе нема ниту една естетска хирургија, туку дека убавиот изглед го должи на активниот живот, балансираната храна и убавата мисла.
Ведрата водителка нејзиниот престој во Црна гора освен за плажа го искористила и за посета на манастирот Острог, свето место во Црна Гора кој го посетуваат илјадници верници дневно од целиот свет.
Како што доликува на секој вистински верник, Ирена на себе за посетата на Острог носи скромна облека, а овој момент го овековечила со фотографија.
zenskimagazin.mk