ВРЕМЕПЛОВ -Настани на денешен ден, 16 јануари

0
138

27 п.н.е. Римскиот сенат му ја доделил титулата „Август“ (латински: велик, славен) на Октавијан. Подоцна, сите римски цареви си ја придодавале оваа титула.

1492 Првата современа граматика, граматиката на шпанскиот јазик ѝ е претставена на кралицата Изабела I.

1547 Кнезот Иван IV Василјевич, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар.

1605 Излегло од печат првото издание на „Генијалниот витез Дон Кихоте од Манча“ од Мигел де Сервантес.

1778 Франција ја призна независноста на САД, кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фајет, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција.

1920 Во САД е воведена прохибиција (забрана) на производство, точење и уживање на алкохолни пијалаци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја.

1945 Втора светска војна: Адолф Хитлер се преселил во подземниот бункер во Берлин, каде што и се самоубил 4 месеци подоцна.

1979 Реза Пахлеви, иранскиот шах, избегал од земјата. Иран станува исламска република на чело со верскиот водач Хомеини.

1996 Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски.

2020 Михаил Мишустин е назначен за премиер на Русија.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија