(ВИДЕО) Две девојчиња паднале во бунар длабок 40 метри, по неколку часа спасени од пожарникарите во Кипар

0
218

Единаесетгодишно девојче морало да биде спасено од пожарникарите на Кипар откако паднала во бунар во дворот од својот дом во областа Лакатамија.

Според претставникот на Кипарската противпожарна служба, малото девојче заедно со нејзината сестра, која има 9 години, завршиле на дното од бунарот додека си играле.

Помалата сестра дури се осмелила и се качила по јажето, се искачила дури 40 метри до површината за да ги извести родителите дека нејзината сестра е сѐ уште долу.

Противпожарната служба на Кипар алармираше и до приватни лица и до сите надлежни владини агенции да ги прегледаат и обезбедат отворените бунари, бидејќи, како што вели портпаролот, следниот пат „нема да имаме толку среќа“.

slobodenpecat.mk