Бизарен случај во Рим откако италијанец одлучил , без да и каже на сорпугата да си ја сокрие заштедата , обврзници во износ од 20 илјади евра во каминот, бидејќи тоа мислел дека е безбедно место.
Меѓутоа, она што не го предвидел е дека жената може да го запали каминот.
-Мојата жена не знаеше дека ја ги сокрив таму парите, Секоја година пред да го запалиме огнот, ги преместувам парите. Сега кога ги видов пламените јазици, ќе се онесвестев, раскажал несреќниот Марио.
Според него, не очекувал каминот да се запали уште неколку дена, со оглед на тоа што температурата во Рим, не бара дополнително греење. Но, сопругата решила малку порано да создаде божиќно- новогодишна атмосфера. Кога сопругот и кажал што има во каминот било предоцна.
press24.mk