Почина легендарниот Пеле

Едерсон Арантес до Насименто Пеле, бразилскиот фудбалски крал кој освои рекордни три светски првенства и стана еден од најпознатите спортски фигури во минатиот век, почина на 83-годишна возраст.

Пред Светското првенство во Катар беше примен во болницата “Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, а за време на турнирот се јави и рече дека ќе успее да ја надмине тешката болест. За жал, болеста беше посилна.

Пеле се бореше со рак на дебелото црево од септември 2021 година и беше повторно примен на 29 ноември. Во последните недели болеста се прошири и на бубрезите, Пеле чувствуваше и срцеви проблеми, веќе немаше сила да се бори.

Во кариерата играше само за два клуба, за сопствениот Сантос во Бразил и подоцна, кога имаше финансиски проблеми, за Њујорк Космос. Со репрезентацијата освои три Светски првенства – во 1958 година, потоа следното во 1962 година и на крајот во 1970 год

vesnik.com