ВРЕМЕПЛОВ- Настани на денешен ден, 30 декември

0
330

1911 Во Кина е укината монархијата, а на чело на новосоздадената република застана Сун Јат Сен, дотогашен привремен претседател и водач на кинеската Народна партија – Куоминтанг.

1943 Бугарските сили и контрачетниците од Куманово, Младо Нагоричане, Страцин, Крива Паланка, Врање, Пирот и од други места, го почнаа дејствувањето на кумановско-врањското подрачје за да ги уништат македонските, јужноморавските и косовските единици. Но, тие вешто го одбегнуваа судирот. Незадоволни од исходот на десетдневната акција, непријателските сили го собраа селаните на возраст од 19 до 50 години и повеќемина од нив интернираа во Бугарија.

1949 Во Скопје е формиран Балетскиот ансамбл при Македонскиот народен театар. Формиран е под раководство на Ѓорѓи Македонски и неговата соработничка Анелиза Асман.

1964 Основана е Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој – УНКТАД.

1996 Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека Македонија и Оман воспоставиле дипломатски односи.

2006 Над поранешниот претседател на Ирак, Садам Хусеин била извршена смртна казна за злодела против човештвото.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија