Изгаснат пожарот во Ѓорче Петров

0
138

Пожарот што избувна во казино во Ѓорче Петров е изгаснат, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески.

Претходно, градоначалникот на општината Александар Стојкоски информираше дека нема човечки жртви во пожарот.

Гори покривна конструкција на објект и се работи на терен да се санира пожарот. Не се работи за општински објект, туку за приватен, изјави Стојкоски по увидот на градежните работи за новата градинка во Волково.

Пожарот избувна утринава, а во гаснењето учествуваа шест противпожарни возила. Поради пожарот, сообраќајот во овој дел од општината се одвиваше отежнато.

 

извор: МИА