На 31.12.2022 околу 00.00 часот во Полициската станица Велес било пријавено дека во и пред викенд куќа на место викано „Бабуна”, велешко, по претходна расправија, Р.Н.(65) со ловечки карабин „Црвена Застава M – 70″ калибар 8×57, му упатувал закани на неговиот син Б.Н.(29) и неговата снаа А.Н.Н.(25), по што испукал еден куршум во воздух.
Таткото потоа се обидел физички да го нападне синот, но тој му ја одземал пушката и го истепал.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фокус.мк