Дубаи го укина данокот на алкохол – повеќе не се наплаќаат за лиценци за алкохол

0
149

Дубаи го укина данокот на алкохол од 30 отсто и повеќе не наплаќа за лиценци за алкохол, кои се потребни за секој што има намера да пие алкохол. Ова е само продолжување на трендот на релаксирање на законот откако Дубаи дозволи продажба на алкохол за време на Рамазан и дозволи негово доставување до домашните адреси за време на пандемијата.

Оваа законска измена веројатно е резултат на обидот на владата да го направи градот попривлечен за странците, односно да го поттикне туризмот. Две компании кои дистрибуираат алкохол во Дубаи, Maritime and Mercantile International (MMI) и African & Eastern, тврдат дека укинувањето на данокот ќе влијае и на цените за потрошувачите.

Дубаи е познат како „забавна престолнина“ на Персискиот Залив, а има девет пати повеќе странци отколку локални жители. Низ историјата, Дубаи успеал да привлече многу туристи и богати странски работници, делумно поради неговата толеранција за полиберален начин на живот.

Фото:dubai-city.de