Густата магла и намалената видливост и вчера и денеска одложи повеќе летови од скопскиот аеродром

Густата магла и намалената видливост и вчера и денеска одложи повеќе летови од скопскиот аеродром, а пристигнувањата беа пренасочувани кон аердромот во Приштина. Дел од летовите од Истанбул и Базел за Скопје беа одложени.

На Меѓународниот аеродром Скопје дел од авионите слетуваат со поголемо доцнење. Најголем дел од летовите беа пренасочени во Приштина, по што, со неколкучасовно задоцнување слетуваа во Скопје.

И утрово редовните летови од Истанбул за Скопје доцнеа по најмалку два часа.

фото: Архива