Северна Кореја неочекувано го смени еден од најмоќните луѓе

Пак, потпретседател на Централната воена комисија на владејачката Работничка партија и секретар на централниот комитет на партијата, бил сменет од Ри Јонг-гил.

Одлуката е донесена на минатонеделниот годишен состанок на комитетот, објави официјалната новинска агенција КЦНА. Причината за неговото разрешување не е наведена, но Пјонгјанг редовно воведува промени во раководството на крајот на годината и најавува отпуштање на функционери и важни политички одлуки.

Централната воена комисија, на чело со Ким, се смета за најмоќното тело за одлучување за вооружените сили, кое е над Министерството за одбрана.

Разрешувањето на Пак доаѓа во време кога Ким, како дел од неговата најавена одбранбена стратегија, одлучил да развие нови интерконтинентални балистички ракети и да го зголеми својот нуклеарен арсенал за да им се спротивстави на САД и Јужна Кореја.

 

vesnik.com