Тела на 28 убиени пронајдени во Буркина Фасо

Телата на 28 лица убиени со огнено оружје се пронајдени во северозападниот град Нуна во Буркина Фасо, потврди тамошното обвинителство.

Истрагата е покрената по пронаоѓањето на телата на крајот на декември минатата година, објави обвинителството, без да прецизира други детали, можните сторители, како и мотивите на нападот.

Оваа западноафриканска земја со децении се соочува со бунт на џихадистите што се прошири од Мали.

Илјадници луѓе беа убиени додека милиони беа протерани од своите домови.

makfax.mk