Во Албанија за првпат почна да се реализира државна програма за социјална заштита на невработени жени со три или повеќе деца до 18 години.
Албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи сподели информативно видео за тоа како може да се аплицира преку владиниот портал е-Албанија и упати апел оние кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Со пријавување на платформата е-Албанија, мајките со три или повеќе деца можат да аплицираат во програмата за државна поддршка за плаќање на здравствени и социјални придонеси.
Од 1 јануари мајките со три или повеќе деца, кои аплицираат во е-Албанија, ќе имаат корист од новата политика за поддршка на невработените мајки со деца до 18 години, на кои државата ќе им гарантира здравствено и социјално осигурување во првите 5 години по раѓањето на детето и тоа им се признава како работен стаж, вели Рама.
Тој додава дека за оваа цел од буџетот ќе бидат издвоени средства во износ од 600 милиони лека (над 5,2 милиони евра) а ова право ќе го остварува секоја жена чие семејство има приход до 100 илјади лека (877 евра) месечно.
slobodenpecat.mk