(ВИДЕО) Сателитите „Албанија1″ и „Албанија2″ успешно лансирани во Вселената

Од вселенскиот центар Кенеди во Флорида, во вселената лансирана е ракетата Фалкон 9 со сателитите „Албанија 1″ и „Албанија 2″.

Двата сателита Албанија ќе ја набљудуваат на дистанца од 150 километри.

„Еве и ова, ветено реализирано. Ракетата Фалкон 9, заедничката мисија SpaceX Transporter 6 која ги носи Албанија 1 и Албанија 2 во вселената, штотуку беше лансирана во Кејп Карнавал, Флорида“, објави вечерва албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук.

Албанската национална агенција за цивилна заштита и операторот „Satellogic USA Inc”, во владата во Тирана, на 16 октомври минатата година потпишаа договор за сателитска услуга, во областа на одбраната и безбедноста за следење со напредна технологија на територијата на Република Албанија.

Државата има нивно ексклузивно право на користење, за обработка на геопросторни информации (ГИС), како и за обезбедување производи за сликање и други негови компоненти, на голем број институции и субјекти, јавни или приватни, чија работа е поврзана со територијата, води, шуми, пожари, урбан отпад, земјоделско производство, урбан развој, имотни листови.

Договорот е во вредност од шест милиони долари и предвидува ексклузивна употреба на двата сателита за период од три години

извор: ТВ 21

https://www.youtube.com/watch?v=kyEpTEpjEcs&ab_channel=OneMedia