(ФОТО) Луѓето се потсмеваат на поканата на потонатиот сплав за новогодишна ноќ, „незаборавна забава која ќе се прераскажува“-пишувало на поканите

0
275

ПОКАНАТА на познатиот белградски сплав Freestyler за новогодишната прослава стана хит на социјалните мрежи. Имено, организаторите на гостите им ветиле „незаборавна забава која ќе се прераскажува“, како и „вистински спектакл“ и „многу изненадувања“.

Со оглед на тоа што сплавот потона за време на прославата, каде веројатно имало два до три пати повеќе од дозволеното, а поради тоа биле дури и уапсени три лица, корисниците на социјалните мрежи заклучиле дека организаторите „ништо не измислуваат“.

Да потсетиме, нешто по полноќ водата почна да навлегува во сплавот, а гостите панично да бегаат. Иако на насобраните им беше кажано полека да го напуштат сплавот, еден по еден, за миг настана хаос. Во инцидентот нема загинати или тешко повредени.

 

Уапсени се сопственикот, управителот и директорот на сплавот – М.Љ. (52).

 

index.hr