Земјотрес во Хрватска

Во околината на Бали Манастир во Хрватска, рано утрово, околу 5 часот, забележан е земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Рихтер, јави ЕМСЦ.

Наведено е дека епицентарот бил на длабочина од 10 км и неколку километри од Бели Манастир, а граѓаните јавуваат дека се почувствувал и во Осиек, пренесе Индекс.хр.

Нема извештаи за евентуална материјална штета или повредени.

фото: Архива