Застаре и случајот ,,Тендери” на СЈО

0
213

Поради неодамнешните измени на Кривичниот законик застаре и случајот ,,Тендери” на СЈО, во кој една од обвинетите беше екс министерката за култура Елизабета Канческа -Милевска.

По пет години судење, минатата година Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда, а кога случајот стигна на Апелација беше утврдена застареност.

-Уважена е жалбата на ОЈО ГОКК (со навод за застареност) и по жалба и по службена должност преиначена е ослободителната пресуда во одбивателна, одговориле од Апелација за ,,Фокус”.

Инаку Канчевска Милевска беше еден од осумтемина пратеници на тогашната гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ кои дадоа поддршка за промена на Уставот со што се смени името на државата. Пред неа, од речи си сите кривични дела се спаси и Мијалков за кој во јавноста се шепкулираше дека ги организираше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои придонесоа за се смени уставното име.

извор: ,,Фокус”.