Најмалку 19 луѓе загинаа во судир на два автобуса во Хондурас

Во судир на два автобуса во централноамериканската држава Хондурас денес животот го загубија 19 лица, а 11 се повредени, пренесува Анадолу.

Несреќата се случила на автопатот Сан Хуан Опоа, во западниот дел на земјата, кога се судриле два автобуса.

Во несреќата животот го загубиле 19 лица, а 11-те повредени се префрлени во локалните болници.

Локалните медиуми објавија дека еден од автобусите превезувал мигранти без документи.

Во тек е истрага за несреќата.

Во меѓувреме, претседателката на Хондурас, Сиомара Кастро, им изрази сочувство на семејствата на загинатите во објава на социјалната мрежа Х.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.