Платил паркинг во Охрид со фалсификувани 50 евра

На 04.01.2023 во 13.10 часот во СВР Охрид, 52 годишен, вработен во Ј.П.„Билјанини Извори“ – Охрид, пријавил дека околу 11.00 часот на неговото работно место во канцеларија на ул.„Партизанска“ во Охрид, едно лице платило користење паркинг со фалсификувана банкнота од 50 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: СВР Охрид