Реакција на аналитичарот Шахоли: „Кој ќе го урне Царот од Струга од тронот?“

„Фотографијата на автомобилот БМВ на синот на струшниот градоначалник Рамиз Мерко стана сензација во општествените мрежи. Јавноста се прашува: дали со ова скапо возило синчето на Мерко се потсмева со фукарите, со сиромасите од Струга и ширум целата ‘држава северна“?“ – реагира аналитичарот Медаи Шахоли во својата колумна со наслов „Кој ќе го урне Царот од Струга од тронот?“, откако одекна веста дека синот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко се подновил со нов БМВ, вреден дури 150 илјади евра. Оваа колумна на Шахоли ја објавија информативната агенција ИНА и некои други медиуми на албански јазик.

Тој пишува: „Едно е сигурно: овој скап БМВ синот на Мерко немаше да има можност да го купи, ако не му помогнеше татко му, кој е ‘јагне кое пие од две мајки (СДСМ – ВМРО)’. Без оваа поддршка самиот Рамиз Мерко немаше да биде на чело на Струга, туку ќе им продаваше вештачко ѓубре на земјоделците.“

„Затоа, не чудете се со фодулакот, со бесотилакот на синот на Мерко, кој, парадирајќи со возилото пред струшките ‘голтари“, им продава прдежи. Но тоа се случува, бидејќи таткото Рамиз има во рацете две знамиња, поддршка од две страни и нема ‘син мајчин’, кој ќе го урне Царот од Струга од неговиот трон!“

 

express.mk