На 115 години почина најстарата американка

Беси Хендрикс од американската сојузна држава Ајова, која се сметашe за најстарата личност во САД, почина на 115-годишна возраст, јави Асошиејтед прес.

Жената од Солт Лејк Сити почина во вторникот во дом за стари лица, соопшти погребната куќа во градот. Беси е ридена во 1907 година и на 7 ноември во својот дом го прославила својот 115 роденден. Минатата година, таа беше наведена како најстара личност во САД од страна на Геронтолошката истражувачка група со седиште во Лос Анџелес.

Хендрикс ја слушнала веста за потонувањето на Титаник, преживеала две светски војни, Големата депресија, шпанскиот грип и пандемијата на ковид-19. Таа исто така дочекала и испратила дури 21 американски претседател. Мајка на пет деца, Беси работела како учителка во еднокласното училиште. Три од нејзините пет деца сѐ уште се живи.

Според Геронтолошката истражувачка група, по смртта на Хендрикс, најстариот човек во САД е Еди Цекарели од Калифорнија, стар 114 години, забележува Асошиетед прес.

 

slobodenpecat.mk