More

    Мицкоски: Промените на дело, во Гевгелија ќе се гради капиталниот проект Западен булевар од 85 милиони денари, ќе се исполнат и барањата на младите за младинските домови и паркови

    Промените во Гевгелија веќе се чувствуваат. Гевгелија покажа како се работи. И покрај наталожените проблеми, заборавените потреби на граѓаните и предизвиците во кои што ја втурнаа цела држава, покажавме дека со чесност и посветеност може да се решат многу проблеми, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов, во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Гевгелија добива нова атмосферска канализација во градот во должина од 6.500 метри, Негорци и Прдцејци добиваат нов водоснабдителен систем, реализирани се две нови мултифункционални спортски игралишта за младите и Младински дом во Прдејци, истакна тој.

    Сарамандов додаде дека во новата година се влегува со уште поголем ентузијазам и желба за надминување на заедничките проблеми.

    – Годинава заедно го креиравме буџетот, а со него бараме начин за исполнување на најголемото барање на младите гевгеличани, градски паркови со урбана опрема. Годинава започнуваме и со изградба на Западен булевар во Гевгелија, доизградба на градинката „Сончогледи“ за што ќе бидат издвоени 11 милиони денари од буџетот на општина Гевгелија, а 24 милиони денари се планирани за реконструкција на Младинските домови во Моин и во Богородица, буџет и за нов пазар во Миравци. Во тек на реализација е и стационарот за бездомните животни и верувајте тука нема да застанеме, рече Сарамандов.

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека Сарамандов и неговиот тим годинава ја оправдаа довербата на гевгеличани, се вложија себе си за Гевгелија да ги доживее промените.

    – Со задоволство присуствував на отворањето на Младинскиот дом. Оваа година верувам дека посветено ќе го исполни дадениот збор, а тоа е почеток на изградба на Западниот булевар. огромен капитален проект чии што две фази чинат 85 милиони денари. И тука знам дека нема да застане бидејќи Гевгелија заслужува, граѓаните мора да се чувствуваат достоинствени и горди на својот град. Тоа ја враќа вербата дека може и мора поинаку, дека зборот во Македонија вреди и дека со чесност и посветеност ништо не може да ги спречи Промените на дело, изјави Мицкоски.

    извор: ФБ Христијан Мицкоски

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    -0.2 ° C
    -0.2 °
    -0.2 °
    47 %
    8.2kmh
    75 %
    Sun
    -0 °
    Mon
    0 °
    Tue
    2 °
    Wed
    2 °
    Thu
    -1 °
    spot_imgspot_img