Инфлуенсерката Елена не успеа да ја победи болеста, почина во болница во Севиља

Инфлуенсерката Елена Хуелва од Севиља почина на 21-годишна возраст по шестгодишна битка со ретка форма на рак на коските.

Својата борба за живот Елена редовно ја документирала на социјалните мрежи, а судејќи по нејзините објави не се откажала до последен момент борејќи се како лав.

Не ја симна насмевката дури и кога беше најтешко.

На почетокот на декември таа објави видео во кое на своите следбеници им откри дека состојбата наеднаш и се влошила.