Здравко Чолиќ, кој има огромен број обожаватели и особено обожавателки, одлучи да го честита денешниот празник со нова песна.
-Драги пријатели, ви подаруваме нова песна – ‘Сто дуката‘. Среќен 8 Март на сите дами“, се вели во инстаграм-објавата на пејачот.
Саша Матиќ е композиторот кој бил задолжен за музиката, а покрај него во создавањето на песната учествувале и Никша Братош – аранжман, и Милош Смилјаниќ – текст.