More

    Хрватскиот Врховен суд ја укина пресудата за Санадер за случајот „Хипо“

    Хрватскиот Врховен суд ја укина пресудата за поранешниот хрватски премиер Иво Санадер за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти денеска судот, пренесуваат хрватските медиуми.

    Иако во соопштението не се наведува името на осудениот, сепак се вели дека тој се товари оти како преговарач зел провизија од 3,6 милиони куни (околу 475.000 евра) од хрватската Влада за склучување на договор за заем и за влез во странска банка на хрватскиот пазар.

    Хрватските медиуми потсетуваат дека станува збор за случајот „Хипо“.

    Откако Врховниот суд ја прифатил жалбата на осудениот и ја укинал пресудата, предметот е вратен пред Жупанискиот суд во Загреб, каде била донесена првостепената пресуда, за повторување на процесот.

    Во соопштението на Врховниот суд се потсетува дека осудениот бил обвинет оти во 1994-1995 година, во својство на заменик министер за надворешни работи и овластен преговарач во име на Владата на Хрватска, ги договарал условите за заем со една странска банка“.

    Заемот ѝ бил потребен на хрватската Влада за купување на згради за амбасади ширум светот.

    Осудениот се товари дека ја искористил воената состојба за да земе провизија при склучувањето на тој договор.

    Врховниот суд утврди дека првостепениот суд не успеал правилно да го утврди начинот на кој дејствијата на обвинетиот имале штетно влијание врз материјалните услови за живот на населението во војната и врз економскиот потенцијал на државата и другите имотни интереси или економскиот потенцијал на државата во војната.

    Правилното утврдување на овие факти е пресудно и за да се процени дали значителната материјална добивка е непропорционална, оценува судот.

    Во соопштението на судот се наведува и дека во повторената постапка е потребно со поголемо внимание да се процени дали во однесувањето на осудениот се стекнати сите битни карактеристики на кривичното дело злоупотреба на положба и овластување.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    4.6kmh
    0 %
    Wed
    25 °
    Thu
    28 °
    Fri
    29 °
    Sat
    29 °
    Sun
    29 °
    spot_imgspot_img