More

    И сестрата на Ејупи на платен список во државното правобранителство

    И сестрата на Бесмира Ејупи, несудената конзулка во Њујорка заработувала хонорарно во Државното правобранителство, покажуваат податоците на Отворени финансии, објави Телма.

    Како што објави Телма,  Фатиме Ејупи за две години во 14 наврати добила по околу 20 илјади денари по трансакција или вкупно заработила околу 4.200 евра до Државното правобранителство. Сестрата Бесмира пак која на затворена владина седница првин беше назначена за конзул во Њујорк, па потоа отповикана од истото правобранителство заработила околу 4 илјади евра.

    Откако беше споменато името на Бесмира Ејупи, како можен кадар за конзул, имаше реакции, а потоа се дозна за тоа колку пари заработувала хонорарно, за што и Антикорупциска отвори постапка.

    Претходно медиуми објавија дека на сметката на ТВ-презентерката се исплатени 39 трансакции од Државното правобранителство и општините Сарај, Петровец, Чаир и Брвеница.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img