На 06.01.2022 околу 18.50 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Драчево на место викано „Маркова Сушица“ лишени од слобода биле С.Б.(30) и Е.Б.(26), двајцата од с.Цветово.
Имено, полициски службеници запреле патничко возило „лада плава“, натоварено со огревни дрва без соодветна документација, при што С.Б. кој го управувал возилото и неговиот совозач Е.Б. се дале во бегство, но набрзо биле фатени.
Двете лица биле приведени во полициска станица, а возилото е предадено за понатамошна постапка. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
извор: МВР